
За нас


Директор Огнен Костовски
Проф. д-р Огнен Костовски е нов директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија – Скопје. Дипломирал на Медицинскиот факултет при Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје. Во 2010 година го положил специјалистичкиот испит по општа хирургија, а во 2021 година и супспецијалистичкиот испит по дигестивна хирургија. Од 2008 година е вработен во Универзитетска Клиника за дигестивна хирургија, Клинички центар “Мајка Тереза” – Скопје. Во 2023 година се стекнал со звањето вонреден професор на Катедрата по општа хирургија. Костовски има 15-годишно работно искуство и е дел од рецензентски комисии за избор на лица во наставно-научно звање. Има објавено 36 научни трудови од областа хирургија, од кои 24 научни трудови во научно списание со импакт-фактор (фактор на влијание), 12 трудови во научни списанија со меѓународен уредувачки одбор и 10 трудови во зборници од научни собири.

Важни настани
Основана како одделение во рамки на интерна медицина
Станува самостојна клиника за гастроентеро-хепатологија
Комплексно реновирање на одделите, санитарните простории и инфраструктурата
Добитник на грант од Јапонската амбасада за реновирање на подови и врати
Нов директор — д‑р Огнен Костовски, кој е дел од клиниката од 2008 и професор од 2023

