
Амбуланта
Амбулантата во Клиниката за дигестивна хирургија е специјализирана за дијагностика, третман и следење на пациенти со заболувања на дигестивниот систем, како што се болести на желудникот, цревата, панкреасот и жолчката. Нудиме прегледи, консултации и детална евалуација за потребата од хируршка интервенција.
Нашиот тим се грижи за целосниот медицински процес, од првичен преглед и дијагноза, до подготовка и изведување на хируршки интервенции и постоперативно следење. Понудената грижа е персонализирана, со акцент на едноставни и ефикасни решенија за секој пациент, а исто така обезбедуваме едукација за превенција и здрава исхрана.

Како да не најдете
Амбулантата е дел од клиниката и се наоѓа во државна болница, на ул. “Мајка Тереза” 17, Скопје. Доколку имате какви било прашања, јавете се на бројот 02 3147 235, или за повеќе информации клинете на копчето подолу.

