ЈЗУ дигестивна хирургија- Скопје – добитник на грант проект од Амбасадата на Јапонија

ЈЗУ Клиника за дигестивна хирургија-Скопје е добитник на грант проект со наслов: “Проект за подобрување на објектот на Клиникатa за дигестивна хирургија”, како дел од Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човечка безбедност, во организација на Амбасадата на Јапонија.
Проектот опфаќа реновирање на подовите и вратите на ЈЗУ Клиника за дигестивна хирургија, со цел да се обезбедат соодветни медицински услови за пациентите и зголемување на квалитетот на здравствената услуга.
На церемонијата на потпишување присуствуваа медицинскиот директор проф. д-р Зоран Караџов и организацискиот директор Авни Салији.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *